Од 21 до 25 септември 2012 година, делегација од Општина Крушево беше во посета на Сен Жам. За време на посетата, делегацијата, составена од градоначалникот, претседателот на општинскиот совет и службеник од општината, ја посети медицинската установа, градинката, школската група и депонијата во Сен Жам. Македонската делегацијата го посети и саемот во Сен Масе. За време на овогодинешното издание на саемот беа организирани различни настани како: еко-село, забава и изложби.