Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Млади Французи го откриваат Дебар

Printer-friendly versionSend to friend
Во рамките на соработката меѓу градовите Дебар и Иф, 24 млади (12 од Македонија и 12 од Франција) ќе учествуваат на камп на Дебарското езеро, во кругот на Центарот за спорт во вода, во периодот од 23 до 31 август 2012 година. За време на престојот ќе бидат организирани разни активности со цел младите да го запознаат градот, културата и традициите. Предвидени се посети на верски објекти, театарот, како и на неколку градови како: Охрид, Струга и Вевчани. Во рамките на престојот ќе се спроведе и еколошка акција за чистење.
Носители на проектот се Општина Дебар и Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар, од македонска страна, и градот Иф од Франција. Проектот е финансиран од програмата на Европска унија „Млади во акција“.

 

Macedonian
21.08.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“