Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

ГОДИШЕН ПОВИК ЗА ПРОЕКТИ 2013-2014

Printer-friendly versionSend to friend
ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБОТКА ДОЛНА НОРМАНДИЈА/МАКЕДОНИЈА
 

Соработката помеѓу францускиот регион Долна Нормандија и Република Македонија започна во 2006 година со цел да се поттикне територијалниот развој и децентрализацијата во двете територии. Програмата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Република Македонија обезбедува финансиски средства за проекти за поттикнување на локалналниот развој и демократија кои се спроведувани од граѓански организации, единици на локална самоуправа и други регионални и локални структури.

Во рамките на соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија, се објавува повик за проекти за 2013-2014 година, за активности во Долна Нормандија и Македонија на следниве три теми:
  • Сеќавање и помирување
  • Зачувување на културно наследство,
  • Човекови права.
 
Предуслов за добивање на финансиска поддршка е проектите да предвидуваат импакт во Долна Нормандија и во Македонија во согласност со предложените теми.

Вкупниот износ на финансиските средства за овој повик изнесува 90,000 евра.
 
Апликациите треба да бидат испратени електронски најдоцна до 15 ноември 2013 година, на bn-mk@aldaintranet.org.

Документи за преземање

Повик за проекти 2013-2014 (pdf)
Апликација (doc)
Предлог буџет (xls)


Доколку имате прашања во врска со повикот, обратете се на: bn-mk@aldaintranet.org.   Прашањата ќе бидат одговорени во рок од 10 дена. Со цел да се овозможи еднаков пристап до информациите за сите кандидати, прашањата и одговорите ќе бидат јавно објавени на интернет страната на програмата за соработка Долна Нормандија/Македонија.
 
Macedonian

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“