Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Оска на соработка: Развој на земјоделството

Printer-friendly versionSend to friend

Носители на проектот

 
 
Земјоделството во Македонија претставува околу 12% од БДП, но вработува повеќе од 20% од населението. Главно се произведува овошје и зеленчук. Одгледувањето на овци е исто така доста застапено. Земјоделското производство е разновидно почнувајќи од лозарство па се до житарици. Што се однесува до сточарството, производството на млеко е на второ место во земјата. Со оглед на фактот дека е неопходно поставување на европските норми за млечното производство, двете партнер-организации работат во насока на подобрување на млечното производство преку зголемување на хигиената и квалитетот на млекото како и на подигање на свеста за работа во кооперативи.
 
Цели
• Зајакнување на капацитетите  на организациите на фармери за одржлив економски развој;
• Надминување на многубројните тешкотии со кои се среќаваат фармерите што се однесува до одржливоста на земјоделското производство;
• Зајакнување на организациите на фармери на Балканот, особено во Македонија и Косово
 
Главни активности
• Размена на искуства за јакнење на капацитетите на македонските фармери;
• Организирање на студиски посети во Франција за обука на македонските фармери;
• Организирање на годишна конференција во Македонија од мрежата на земјоделски организации на Балканот на тема кооперативи и организации на фармери;
• Изработка и промоција на брошурата “различни етапи за успешна кооператива“
 

 

Macedonian

Најнови вести

Вести од соработката | Развој на земјоделство
13.08.2013

На 12 август 2013 година, Федерацијата на фармери на Република Македонија организираше студиско посета на македонски фармери во Косово. Посетата беше организирана во соработка со ИАДК (Иницијатива за развој на земјоделството на Косово). На студиското патување учествуваа 13 фармери од Југозападниот и Скопскиот регион на Македонија. Посетата имаше за цел да се разменат искуства во делот на одржување на хигиена на фарма и правилна исхрана на добитокот.

>>>
Вести од соработката | Развој на земјоделство
01.08.2013

Во периодот од 30 до 31 јули 2013 година беа реализирани последните теренски активности на пилот фармите во рамките на проектот за подобрување на квалитетот на млекото спроведен на две пилот фарми од страна на Федерацијата на Фармери на Македонија (ФФРМ) и асоцијацијата на француски земјоделци (АФДИ).  Првите испитувања обуки за квалитетот на млекото беа направени во септември 2012 година.

>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“