Презентирани резултатите од лабораториските анализи на млеко
Во периодот од 30 до 31 јули 2013 година беа реализирани последните теренски активности на пилот фармите во рамките на проектот за подобрување на квалитетот на млекото спроведен на две пилот фарми од страна на Федерацијата на Фармери на Македонија (ФФРМ) и асоцијацијата на француски земјоделци (АФДИ). Првите испитувања обуки за квалитетот на млекото беа направени во септември 2012 година. Тие имаа за цел да им покажат на фармерите дека со мали вложувања многу лесно може да се подобри квалитетот на млекото кои би придонело за зголемување на цената на литар млеко.
Во текот на оваа година беа спроведени 12 обуки за одржување на хигиена на фарма, практики и навики на фармерот, примена на француски искуства, одржување на машините за молзење и чување на млекото, исхрана на добитокот, начини на здружување на фармерите во кооперативи и откупни пунктови. Спроведените лабораториски анализи покажаа дека со примената на техниките стекнати за време на обуките значително се подобрува хигиената на млекото со што се зголемува неговата конкурентност.