Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Децентрализација во Македонија

Printer-friendly versionSend to friend
Процесот на децентрализација во Македонија
 
Последниве години децентрализацијата е во центарот на политичкиот и административниот живот на Македонија.
Во прво време, непосредно по независноста на државата во 1991 година, властите усвоија стратегија на централизација на власта со цел да се зајакне нивната контрола на целата територија. Оваа стратегија беше променета по конфликтот во 2001 година и Охридскиот мировен договор.
 
За да се обезбеди подобра распределба на локалната власт помеѓу различните заедници кои живеат во Македонија, Охридскиот договор бараше реформа на децентрализација на власта. Оваа реформа поддржана од Европската Унија и од главните меѓународни фактори во Македонија доведе до големи законодавни промени во 2004 година.
Територијата на Македонија денес е поделена на 84 општини (плус Градот Скопје кој се состои од 10 општини). Овие општини имаат поголеми надлежности од порано во донесувањето на одлуките и во управување со буџетите. Општините имаат зголемени ингеренции за локален економски развој, заштита на животната средина и природата, култура, урбанизам, спорт, социјална заштита и заштита на децата како и образование.
 
Практичното остварување на процесот за децентрализација е сè уште во тек. Преносот на надлежности се соочува со повеќе проблеми што се должат на комплексноста на овој процес, но исто така и на ситуацијата на политичката и економската транзиција во која се наоѓа Македонија. 
 
На чело на секоја од општините се наоѓа градоначалник и општински советници кои се избрани со непосредно гласање. Општините се финансираат со нивни сопствени средства, преку данок на приход како и преку дотации од националниот буџет.
 
Со цел да се обезбеди подобро распределување на власта помеѓу етничките заедници, некои одлуки на општинско ниво се донесуваат со Бадентерово правило. Овој принцип подразбира дека за да се изгласа одредено прашање тоа треба го добие мнозинството од две групи: мнозинство од сите општински советници и мнозинството од советниците кои се од етничко малцинство во општината.
 
Одредби од Охридскиот рамковен договор
 
На 13ти август 2001 година, Охридскиот рамковен договор стави крај на конфликтот со тоа што беа наложени важни реформи за подобро преставување на малцинствата и се предвиде нов Устав.
Според одредбите на овој договор, Уставот од 1991 година беше променет за да се поништи референцата според која Македонците беа единствениот народ основач на земјата. Од сега македонското општество е гледано како општество кое е составено од граѓани со различно етничко потекло.
Договорот исто така воведува систем на „двојно мнозинство“ во Парламентот. Тоа предвидува дека за да биде прифатен, еден текст мора да ги има барем половина од гласовите на еден или на повеќе групи припадници на етнички малцинства.
 
Употребата на албанскиот јазик е дозволена во официјални документи и како јазик за работа за време на пленарните седници и во парламентарните комисии како и во судовите. Сите закони се напишани на двата јазика, македонски и албански. Од друга страна пак, само македонскиот јазик може да биде употребуван од страна на македонската влада. Албанскиот стана втор официјален јазик во регионите каде што луѓето кои зборуваат албански претставуваат повеќе од 20% на населението. Државата е должна да финансиски да обезбеди школување, освен основно и средно и високо образование (универзитет) на албански јазик во зоните каде што Албанците претставуваат повеќе од 20% од населението. Од сега, државата гарантира пропорционална репрезентација на малцинствата во државната администрација, полицијата и уставниот суд. Предвиден е процес на децентрализација.
На крај, државата им дава еднаков статус на православната, муслиманската и католичката религија.
 
Територијална организација на Македонија
 
Македонија е поделена на 84 општини поделени на 8 региони кои имаат само административна улога.
 
Општини
Општините постоеја уште во времето на Југославија, а нивниот број се менуваше во зависност од периодите. Овие општини беа укинати со независноста и Уставот од 1991 година предвидуваше нова административна поделба.
Во 1996 година македонската влада реши да создаде 123 општини. Но, подоцна се покажа дека бројот на општини е голем и имаше повторна промена во 2004 година. Денес, Македонија е поделена на 84 општини.
 
 
Десет од овие општини се здружени за да го формираат Град Скопје кој има посебен статус.
Општините се класирани како „рурални општини“ и „урбани општини“. Во 2004 година, опозицијата, која сметаше дека некои општини имаат многу албанско мнозинство и бараше референдум за да последната поделба. Слабото учество го поништи резултатот и беше задржан истиот состав на општините.
 
Домени за дејствување на македонските општини
Домените на дејствување на македонските општини се следниве:
   1. Урбано и рурално планирање
   2. Заштита на природата и животната средина 
   3. Локален економски развој 
   4. Комунални активности 
   5. Култура
   6. Спорт и забава
   7. Социјална заштита и заштита на децата
   8. Образование 
   9. Здравство 
   10. Планирање за време на граѓански конфликт 
   11. Пожарникарска служба
   12. Надгледување на општинските служби 
 
Региони
По распадот на Југославија и независноста во 1991 година, Македонија се соочи со социо–економски проблеми и ја насочи својата политичка и економска моќ во Скопје, што резултираше со брз развој на скопскиот регион. Нерамномерниот развој на територијата на Македонија претставуваше главен мотив за македонската влада да почне да размислува во насока на креирање на регионална политика. Усвојувањето на „Законот за рамномерен регионален развој“ во 2007 година беше првиот чекор. Со цел да се намалат нееднаквостите меѓу различните региони во Македонија, да се зголеми нивната конкурентност и да се оживеат селата и средините со посебни потреби, владата реши да создаде 8 статистички региони кои одговараат на  НТЕС (Номенклатура на територијални единици за статистика) ниво 3  според европската статистика.
 
Овие региони т.н. „статистички региони“ се управувани од Совет составен од градоначалниците на општините членки. Советот е предводен од еден од градоначалниците, избран со мандат од две години. Проектите на регионите се кофинансирани од страна на владата и општините. Советите беа создадени во 2008 година, додека првите проекти требаше да започнат во 2009 година. Секој регион отвори центар за развој на планскиот регион (предвиден со закон) кој претставува извршен орган на Советот на градоначалници од тој регион. Центарот се наоѓа во најнаселениот град во регионот, раководен од директор и вработени. Министерот за локална самоуправа е одговорен за регионалната политика во земјата преку Бирото за регионален развој, независен орган во рамките на министерството.
 
 
 
Региони в Македонија:
  - Регионот околу Скопје (составен од Градот Скопје и 7 околни општини)
  - Пелагонија
  - Полог
  - Југоисточен регион
  - Северозападен регион
  - Југозападен регион
  - Вардарски регион
 
Извори 
Министерство за локална самоуправа - www.mls.org.mk 
Заедница на единици за локална самоуправа (ЗЕЛС) - www.zels.org.mk
Биро за регионален развој - www.brr.gov.mk

 

Macedonian

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“