Програма за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија
Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија започна во 2006 година со основна цел да придонесе за поттикнување на меѓународната соработка на двете територии. Се работи за иновативна соработка во која се вклучени различни чинители и тоа од повеќе нивоа: локално, регионално и национално. Носители на оваа институционална соработка за развој на локалната демократија се Регионалниот Совет на Долна Нормандија и Министерството за локална самоуправа на Р. Македонија. Програмата е финансиски поддржана од страна на Министерството за надворешни работи на Р. Франција и е координирана од страна на Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА).
Партнерства во служба на добро локално владеење
Соработката цели кон зајакнување на доброто локално владеење преку активности за институционална соработка и поддршка. Затоа, Регионот Долна Нормандија и Министерството за локална самоуправа на Р. Македонија работат за создавање на акционен план за соработка во полето на рамномерниот регионален развој. Регионален развој
По примерот на интегриран пристап за локален развој, оваа соработка се стреми кон активно вклучување на разни локални чинители во своите активности. Така, оваа програма ги поттикнува и поддржува општините од Долна Нормандија и Македонија за склучување на дирекtни соработки и збратимувања. Збратимување на градови
Трајни партнерства засновани врз размена
Децентрализираната соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија се конкретизира преку тригодишна програма (2010-2013) поделена на 7 оски:
7. Човекови права
Активностите во секоја оска се спроведуваат од страна на „тандеми“ составени од една француска и една македонска организација, специјализирани во таа област. Исто така, вклучени се многубројни други локални чинители: општини, здруженија на граѓани, фондации, приватен сектор, образовни установи инт. Оваа соработка има цела да придонесе во создавањето на иновативни локални јавни политики во областите кои ги опфаќа преку обуки, студиски патувања, работилници или други видови на размени. Партнери на соработката
Франкофонијата, човековите права и процесот на европска интеграција се трите трансверзални аспекти кои се опфатени во сите оски на соработката.
Во Скопје беше формирана Канцеларија на соработката која стои на располагање на сите локални чинители од двете територии вклучени во оваа соработка. Канцеларија на соработката
Macedonian