Стратегијата за културен развој на Пелагонискиот плански регион за периодот 2013-2016 година беше претставена пред медиумите и партнерите на проектот на 4 декември 2013 година во Центарот за развој на Пелагониски плански регион во Битола. Стратегијата беше изработена во рамките на оската култура од децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Република Македонија.
Оска на соработка: Културни политики
Носители на проектот
По првата фаза на проучување на проблемите кои се јавуваат како последица на децентрализација во културните политики, се изработи територијална анализа на потребите за културен развој кој и овозможи на Локомотива да работи во директно партнерство со Регионот Пелагонија.
Состанокот на културните оператори од регионот овозможи средба и дијалог помеѓу различни сектори. Спроведувањето е во тек и се очекува имплементација на стратешки територијален план.
Во Долна Нормандија, предвидени се работилници од Секторот за култура и наследство пред да се анализираат конкретните потреби.
Овие досега преземени чекори на двете територии ќе доведат до создавање на групни тела, кои ќе ги претставуваат одредените панели и нивните региони, кои во втората фаза би се сретнале да ги разменат своите искуства.
Цели
• Зајакнување на локалната власт преку културните политики
• Промовирање на меѓу-културни размени, мобилност на уметници
• Поттикнување на меѓу-секторски дијалог
• Вреднување на културите на двете територии
• Развивање на алатки за културна соработка меѓу двете територии
• Создавање на мрежи и партнерства меѓу образовните структури и тела во културата
Главни активности
• Конференција на тема децентрализација на културата одржана во Македонија во 2009 год.;
• Конференција на тема културни политики на регионално ниво одржана во Долна Нормандија во 2010 год.;
• Работилница за анализа на ситуацијата во областа на културата во општините во Регионот Пелагонија
• Активности за идентификување на можностите за интерсекторска соработка во доменто на културата со цел создавање на една одржлива регионална културна политика
• Работна посета во Долна Нормандија за презентација на методологијата на работа за развој на регионална културна политика во Пелагонија
Macedonian
Најнови вести
Вести од соработката |
Културни политики
24.10.2013
На 22 октомври 2013, група од тројца француски артисти, со својот перформанс „For want of a better“ се претставија на скопската публика за време на шестото издание на Локомоушн. Овој фестивал на модерен танц и перформанс, организиран од страна на Локомотива, со години наназад не само што ги презентира најновите остварувања во доменот на изведувачките уметности, туку и развива дискурзивни пракси со кои се редефинирапозицијата на оваа современа уметничка форма во Европа и кај нас.