Носители на проектот
По првата фаза на проучување на проблемите кои се јавуваат како последица на децентрализација во културните политики, се изработи територијална анализа на потребите за културен развој кој и овозможи на Локомотива да работи во директно партнерство со Регионот Пелагонија.
Состанокот на културните оператори од регионот овозможи средба и дијалог помеѓу различни сектори. Спроведувањето е во тек и се очекува имплементација на стратешки територијален план.
Во Долна Нормандија, предвидени се работилници од Секторот за култура и наследство пред да се анализираат конкретните потреби.
Овие досега преземени чекори на двете територии ќе доведат до создавање на групни тела, кои ќе ги претставуваат одредените панели и нивните региони, кои во втората фаза би се сретнале да ги разменат своите искуства.
Цели
• Зајакнување на локалната власт преку културните политики
• Промовирање на меѓу-културни размени, мобилност на уметници
• Поттикнување на меѓу-секторски дијалог
• Вреднување на културите на двете територии
• Развивање на алатки за културна соработка меѓу двете територии
• Создавање на мрежи и партнерства меѓу образовните структури и тела во културата
Главни активности
• Конференција на тема децентрализација на културата одржана во Македонија во 2009 год.;
• Конференција на тема културни политики на регионално ниво одржана во Долна Нормандија во 2010 год.;
• Работилница за анализа на ситуацијата во областа на културата во општините во Регионот Пелагонија
• Активности за идентификување на можностите за интерсекторска соработка во доменто на културата со цел создавање на една одржлива регионална културна политика
• Работна посета во Долна Нормандија за презентација на методологијата на работа за развој на регионална културна политика во Пелагонија
Macedonian