На 5 септември 2013 година, во Вилдје ле Поел, официјалните претставници од мешовитиот синдикат на Областа на Заливот Мон Сен Мишел организираа средба со цел да ги претстават активностите во областа на културата и туризмот, во рамките на децентрализираната соработка Долна Нормандија/Македонија, реализирани во соработка со Локомотива и ЦИРа.
Оска на соработка: Културни политики
Носители на проектот
По првата фаза на проучување на проблемите кои се јавуваат како последица на децентрализација во културните политики, се изработи територијална анализа на потребите за културен развој кој и овозможи на Локомотива да работи во директно партнерство со Регионот Пелагонија.
Состанокот на културните оператори од регионот овозможи средба и дијалог помеѓу различни сектори. Спроведувањето е во тек и се очекува имплементација на стратешки територијален план.
Во Долна Нормандија, предвидени се работилници од Секторот за култура и наследство пред да се анализираат конкретните потреби.
Овие досега преземени чекори на двете територии ќе доведат до создавање на групни тела, кои ќе ги претставуваат одредените панели и нивните региони, кои во втората фаза би се сретнале да ги разменат своите искуства.
Цели
• Зајакнување на локалната власт преку културните политики
• Промовирање на меѓу-културни размени, мобилност на уметници
• Поттикнување на меѓу-секторски дијалог
• Вреднување на културите на двете територии
• Развивање на алатки за културна соработка меѓу двете територии
• Создавање на мрежи и партнерства меѓу образовните структури и тела во културата
Главни активности
• Конференција на тема децентрализација на културата одржана во Македонија во 2009 год.;
• Конференција на тема културни политики на регионално ниво одржана во Долна Нормандија во 2010 год.;
• Работилница за анализа на ситуацијата во областа на културата во општините во Регионот Пелагонија
• Активности за идентификување на можностите за интерсекторска соработка во доменто на културата со цел создавање на една одржлива регионална културна политика
• Работна посета во Долна Нормандија за презентација на методологијата на работа за развој на регионална културна политика во Пелагонија
Macedonian
Најнови вести
Вести од соработката |
Културни политики
30.06.2013
Согласно резултатите од работилницата која се одржа во Битола од 29 до 31 мај 2013г. и утврдениот потенцијал за можна соработка помеѓу институционалниот сектор и културните актери од регионот Пелагонија (МК) и областа на Заливот Мон Сен Мишел (ДН), во периодот од 16 до 19 јуни 2013г. се реализираше работна посета на областа на Заливот Мон Сен Мишел.
Pages
- « прва
- ‹ претходна
- 1
- 2
- 3
- 4
- 5
- 6
- 7
- следна ›
- последна »