Во рамките на оската културни политики како дел од децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, од 7 до 10 мај 2012 година, во Битола, ќе се одржи работилница на тема „Проект менаџмент и стратешко планирање“.
Оваа работилница претставува продолжение на активностите реализирани во 2011 година, во чии рамки се работеше на развивање и имплементација на Стратегија за регионален развој на културата во Пелагонискиот регион за периодот 2012-2015 година.