Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Работилница и обука за стратегиско планирање и интернационализација на културните институции во Долна Нормандија

Printer-friendly versionSend to friend
Од 27 јуни до 01 јули 2011 година, во рамките на оската за Културна политика и културна размена се реализираше работна посета на Долна Нормандија (Каен и неколку градови од Областа Мон Сен Мишел). Осум-члената група од Македонија, која учествуваше во оваа посета беше составена од претставници на Локомотива, Центарот за регионален развој на Пелагонискиот плански регион, општина Крушево, независен граѓански сектор активен во доменот на култура кој работи на територијата на Пелагонија итн.
 
Со цел запознавање со географските специфики, историјата, културата и територијалниот идентитет на Областа Мон Сен Мишел посетата опфати различни културни и природни локалитети. Се посетија и неколку културни институции во кои се претстави начинот на работа како и начинот на организација, програмско уредување и развој на културата на оваа територија. Покрај запознавањето со  територијалниот и културен контекст на Областа Мон Сен Мишел на отворена дискусија одржана на 29 јуни во Екомузејот на градот Венс, македонските претставници го презентира моделот на работа воспоставен во Пелагонискиот регион и резултатите од реализираната работилница во Битола, за креирање и спроведување на Регионална стратегија за културен развој. Главната цел на овие презентации и размена на информации е вклучувањето на Областа Мон Сен Мишел”, како партнер на проектот во Долна Нормандија, по примерот на регионот Пелагонија во Македонија.
 
Во рамките на посетата се реализираше и средба на градоначалникот на Крушево со Претседателот на заедницата на локални самоуправи - Сен Жамс, на која се разговараше за различни области од јавен карактер кои се важни за развојот на двете територии, со цел да се пронајдат основните домени на  заеднички интерес во кои може да воспостават соработка, како идни потенцијални побратимени заедници.
Macedonian
27.06.2011

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“