Од 27 јуни до 01 јули 2011 година, во рамките на оската за Културна политика и културна размена се реализираше работна посета на Долна Нормандија (Каен и неколку градови од Областа Мон Сен Мишел). Осум-члената група од Македонија, која учествуваше во оваа посета беше составена од претставници на Локомотива, Центарот за регионален развој на Пелагонискиот плански регион, општина Крушево, независен граѓански сектор активен во доменот на култура кој работи на територијата на Пелагонија итн.
Битола беше домаќин на работилницата во времетраење од четири дена на која земаа активно учество триесетина претставници на културниот сектор од сите девет општини на Пелагонискиот регион (претставници од општините одговорни за култура, јавните културни институции, здруженија на граѓани, независни уметници, занаетчиски здруженија итн.).