Соработката на Република Македонија и регионот Долна Нормандија во областа на културата овојпат резултираше со реализирање на проектот „Инвентаризација на културното наследство“ што го имплементира Асоцијацијата на градови со архитектонско наследство на Република Македонија со седиште во Велес. Денес Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров и воедно претседател на Асоцијацијата, одржа работна средба со координаторите на проектот од Штип, Куманово, Велес и Берово каде проектот завлегува во завршната фаза.
Оска на соработка: Попис на културно наследство
Носители на проектот
● Национална асоцијација на градови со историја и уметност и градови со заштитени зони и сектори (ФР)
● Асоцијација на градови од Македонија со архитектонско наследство (МК)
Во Република Македонија во рамките на процесот на децентрализација општините стекнуваат нови надлежности, особено во делот со раководење на културното наследство и урбан развој. Целта на активностите е да се развие заедничко размислување за политиките за културно наследство, да се изработат методи, алатки и стратегија со цел да се заштити, вреднува културното наследство и да се подигне свеста на граѓаните како алатка за социјален и економски развој.
Заштита на културното наследство во урбаните средини во Македонија е итно поради зачестеното уништување или реконструкција и немањето на соодветни закони. Во Долна Нормандија малку општини имаат усвоени алатки за заштита и вреднување на културното наследство, според моделите на заштитени сектори, архитектонски градови или области со заштитено културно наследство. Случувањата од поблиската историја предизвикаа значителни промени во изгледот на градовите, како на пример градот Каен во Долна Нормандија. Политиките за заштита и вреднување на културното наследство би можеле повеќе да бидат зајакнати.
Цели
• Зајакнување на способностите на административните работници во областа на урбанизам на културното наследство
• Поттикнување на дијалогот меѓу општинските советници и административните работници поврзани со проблематиките за спроведување на соодветни политики за културно наследство
• Вмрежување на локалните единици за да не бидат изолирани во нивните пристапи и да работат заеднички
• Дефинирање на методологија за оперативен попис меѓу сите чинители со цел да се создаде алатка за заштита и управување на културното наследство.
Активности
• Идентификување на пилот градови во кои би можело да се реализира оперативниот попис на културното наследство;
• Следење на првата етапа на пописот на културно наследство во Македонија
• Конференција за претставување на француските алатки за заштита и вреднување на културното наследство, организирана во Франција. На конференцијата беа претставени активностите водени во Македонија.
Macedonian
Најнови вести
Вести од соработката |
Културно наследство
22.06.2012
Во периодот од 18 до 22 јуни 2012 година, претставници на Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност престојуваа во Република Македонија со цел да ја реализираат планираната јунска мисија од Оска 3 „Попис на културно наследство“.
Во Македонија престојуваа г-ѓа Лудивин Баску, координатор на активностите на Француската национална асоцијација и г-н Антоан Бругерол, архитект.
Pages
- 1
- 2
- 3
- 4
- следна ›
- последна »