НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБОТКА ДОЛНА НОРМАНДИЈА/МАКЕДОНИЈА
ПОВИК НА ПРОЕКТИ ЗА 2013-2014 ГОДИНА
Кои видови на финансии може да влезат во 50% кофинансирање?
За да учествуваат на повикот, носителите на проекти треба да обезбедат 50% кофинансирање од други извори на финансирање. Принципот на кофинансирање налага еден дел од трошоците за активности и адмнистративни трошоци да бидат обезбедени од страна на носителите на проекти, преку in-kind придонес, или преку други извори на финансирање освен програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република.
Кофинансирањето може да биде во форма на учество во натура (in-kind contribution, valorisation), сопствени средства, или финансирања од други фондови и тоа со следното процентуално распределување:
- 20% in-kind придонес: време посветено на проектот од вработени или волонтери на структурата, материјали, кирија, возила итн.
- 15% сопствени средства
- 15% финансирања од други фондови
Кои видови на трошоци се опфатени со 7% административни трошоци покриени од проектот?
Од целосната сума наменета за административни трошоци, проектот покрива само 7% од трошоците за: кирија, струја, вода, греење итн.
Кој е минимумот/максимумот на средства доделени по проект?
Нема одредена минимална/максимална сума по проект. Вкупниот износ на средствата кои ќе бидат доделени за сите проекти заедно е 90.000 евра.
Дали вработените во јавната администрација може да добиваат плата од проектот?
Не, средствата доделени од страна на програмата Долна Нормандија/Македонија не смеат да бидат покриваат плати за вработените во јавната администрација. Сепак, дел од нивната плата може да се смета како кофинансирање.
Дали може градовите кои се збратимени во рамките на соработката Долна Нормандија/Македонија да аплицираат за проекти за овој повик?
Да, 14 локални самоуправи од Долна Нормандија и од Македонија кои имаат дирекна соработка/збратимување во рамките на програмата за соработка Долна Нормандија/Македонија може да аплицираат за проекти за овој повик, само доколку проектот не e веќе дел во нивниот акционен план за соработка. Исто така, ги поттикнуваме да вклучат други асоцијации, здруженија, културни и образовни институции.
Дали школски и културни јавни и приватни установи може да учествуваат на повикот?
Да, школските и културните јавни и приватни установи може да учествуваат на повикот како носители и партнери на проектот.
Дали е неопходно да се има партнери од Долна Нормандија и Македонија?
Да, проектот задолжително мора да вклучува најмалку еден партнер од Долна Нормандија и од Македонија. Исто така, проектите задолжително треба да прикажат импакт во Долна Нормандија и во Македонија.
Дали канцеларијата за соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија може да најде партнери од Долна Нормандија и Македонија?
Апликантите на проектот сами ги бараат своите партнер организации.
Како да најдеме партнери во Долна Нормандија и во Македонија?
Доколку сакате да контактирате партнери кои веќе биле вклучени во проектот на некој начин, ви предлагаме да ги посетите:
- Архивите на програмата за соработка 2007-2012 http://www.bn-mk.org/old
Што се подразбира под територијален пристап?
Во рамките на програмата за децентрализирана соработка, како методологија на работа се поттикнува територијалниот пристап како одлична алатка за поттикнување на соработка помеѓу различни нивоа на одлучување и различни чинители за развој. Таа треба да доведе до препораки како одговор на локалните и регионални политички, социо-економски специфичности.
Овој пристап е составен од повеќе етапи:
1. Одредување на секторите со голем развоен потенцијал, и на посебните потреби на териториите,
2. Вмрежување на локалните чинители околу заедничка стратегија за развој,
3. Соработка меѓу различните нивоа на одлучување за соодветно на европските, националните, регионалните и локалните политики и стратегии,
4. Изработка на шема за територијална кохерентност и регионално планирање,
5. Воспоставување на алатки за локално управување: тела за соработка, совет за управување, фондови за управување со ресурси ...
Целта на овој пристап е да се постигне политичка соработка и вклученост на граѓаните а да се обезбеди долгорочен развој на локалните единици.
Што подразбира темата Заштита на културно наследство?
Културно наследство се материјални и нематеријални добра коишто, како израз или сведоштво на човековото творештво во минатото и сегашноста или како заеднички дела на човекот и природата, поради своите археолошки, етнолошки, историски, уметнички, архитектонски, урбанистички, амбиентални, технички, социолошки и други научни или културни вредности, својства, содржини или функции, имаат културно и историско значење. – Закон за заштита на културно наследство на Р. Македонија.
Културното наследство учествува во градењето на идентитетот на дадената територија (на локално или национално ниво). Затоа, заштитата на културното наследство зависи како и од националните така и од локалните политики. Поимот заштита на културното наследство ги покрива следните етапи:
o Идентификација на материјални и нематеријални добра како културно наследство,
o Документирање на овие добра
o Зачувување на културно наследство
o Валоризација на културно наследство.
Што подразбира темата сеќавање и помирување?
Колективната меморија е збир на вредности, знаења, прикажувања и настани на човештвото, кои може да бидат складирани во човечкиот ум или во материјална форма преку, текстови, алатки, споменици, меморијални настани итн.
Преку ова колективната заедница се сеќава на своето минато и се обидува да даде објаснување врз основа на сегашноста, а насочено кон иднината. За да се стигне до ова ниво потребно е членовите на групата да се запознаат со нивната колективна историја.
За Долна Нормандија, Сеќавањето е поврзано со Втората светска војна и Денот Д, истоварувањето на сојузните војски во Нормандија. Повеќе информации може да прочитате тука.
За Македонија и нејзината поврзаност со Франција, сеќавањето е поврзано со Првата светска војна и Источниот фронт. Повеќе информации може да прочитате тука (публикацијата е на француски јазик).
Што подразбира темата „човекови права“?
Човекови права се права кои им припаѓаат на сите човечки суштества, без оглед нанационалноста, местото на живеење, полот, националната или етничката припадност, бојата,религијата, јазикот или кој било друг статус. Сите ние имаме исто право на нашите човекови правабез дискриминација. Сите овие права се меѓусебно поврзани, меѓузависни и неделиви.
Универзалните човекови права честопати се изразени и гарантирани со законодавството, воформа на конвенции, обичајно меѓународно право, генерални принципи и други извори намеѓународното право. Меѓународнота регулатива за човекови права ги обврзува владите да дејствуваат на одреден начин или да се воздржат од одредени дејствија, за да се промо вираат изаштитат човековите права и основните слободи на индивидуалците или групите.
Регулатива за човекови права—едно од најголемите достигнувања на Обединетите нации есоздавањето на сеопфатен пакет на регулатива за човекови права, универзален и меѓународнозаштитен систем на кој можат да се обврзат сите нации, кој ќе им дава надеж на луѓето. Основатана овој пакет на регулатива е Повелбата на Обединетите нации и Универзалната декларацијаза човекови права, усвоени од Генералното собрание во 1945, односно 1948 година. Оттогаш, Обединетите нации постојано ја прошируваат регулативата за човекови права.
Macedonian