Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Попишување на архитектонското наследство во Македонија

Printer-friendly versionSend to friend

Во периодот од 18 до 22 јуни 2012 година, претставници на Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност престојуваа во Република Македонија со цел да ја реализираат планираната јунска мисија од Оска 3 „Попис на културно наследство“.

Во Македонија престојуваа г-ѓа Лудивин Баску, координатор на активностите на Француската национална асоцијација и г-н Антоан Бругерол, архитект.

Во рамките на престојот заедно со претставник на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство, партнерите од Франција ги посетија општините Берово, Кратово и Крушево каде со претставници на локалната самоуправа од Одделенијата за урбанизам и со претставници на Заводот за заштита на спомениците на културата работеа на  пописот на архитектонското наследство. 

Претставниците на Националната француска асоцијација остварија средби и со градоначалниците на општините Берово и Кратово, Драги Наџиски и Мите Андоновски, со кои разговараа за улогата на локалните власти во заштитата на архитектонското наследство и значењето на проектот за локалниот економски развој и развојот на туризмот во општините.

За првпат во Оска 3 е вклучена и Општина Крушево како архитектонски бисер на Македонија. Во Општина Крушево, француската делегација имаше можност да разговара со претставник на Заводот за заштита на спомениците на културата околу проектите за конзервација и заштита  што тековно се реализираат во Крушево.

Во рамките на посетата, гостите од Франција остварија и средби со претставници на Францускиот институт и НАЛАС.

Следната фаза од Оска 3 ќе се реализира во септември годинава кога архитекти од македонските општини ќе ги посетат општините во Долна Нормандија што работат на архитектонското наследство.

 
Macedonian
22.06.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“