Претставување на Стратегијата за културен развој на Пелагонискиот плански регион: заокружување на тригодишната работа во рамките на оската култура
Стратегијата за културен развој на Пелагонискиот плански регион за периодот 2013-2016 година беше претставена пред медиумите и партнерите на проектот на 4 декември 2013 година во Центарот за развој на Пелагониски плански регион во Битола. Стратегијата беше изработена во рамките на оската култура од децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Република Македонија.
Документот е резултат од соработката меѓу Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје (Македонија) и Мешовитиот синдикат од Областа на Заливот Мон Сен Мишел, Долна Нормандија (Франција). Оваа стратегија содржи акционен план што ги вклучува позитивните практики на Областа на Заливот кои се прилагодени на потребите и контекстот на Пелагонискиот регион, а сето тоа произлегува од разменетите искуства меѓу двете територии (благодарение на студиски посети и учества на експерти на работилниците).
Стратегијата е плод на тесната и исклучителна соработка меѓу Локомотива и Центарот за развој на Пелагониски плански регион. Проектот значајно се вклопи во територијата токму благодарение на оваа поддршка. Во поширок контекст, стратегијата којашто се развиваше низ самиот процес на заедничко договарање, придонесе кон здружување на поголемиот дел од културните чинители на Пелагонискиот регион со цел тие да работат на заеднички проект, а тоа истовремено доведе до структуирање на регионална координативна мрежа.
Стратегијата обезбедува поддршка за процесот на културна децентрализација во Пелагонскиот плански регион.
Според тоа, таа содржи:
- преглед на состојбата во културниот сектор во Македонија, особено на состојбата на процесот на децентрализација;
- осврт за законодавството во областа на културата;
- информација за визијата и улогата на Пелагонискиот плански регион;
- список на цели за регионот во областа на културата и акционен план за тоа како истите да се постигнат.
Стратегијата ќе биде претставена во Министерството за локална самоуправа на Македонија што е надлежно за децентрализацијата, со цел да се продискутира спроведувањето на истата. Во таа прилика, Министерството ќе биде покането да се вклучи како партнер во целиот процес.
Носителите на проектот се надеваат дека оваа динамична активност отпочната во Пелагонискиот плански регион ќе биде спроведена на успешен начин, но исто така дека иницијативата и методологијата ќе се пренесат и на другите региони во Македонија.
На следниве линкови можете да ги погледнете видеата и презентациите од 4 декември 2013 година:
Terra.mk
Tvorbis.com.mk
За да ја преземете стратегијата на македонски јазик, кликнете тука
Macedonian
05.12.2013