Од 16 до 26 февруари 2011 година, двајца претставници од АФДИ беа во посета на Македонија. Целта на студиската посета беше да се остварат средби со идентификуваните пилот групи.
Оска на соработка: Развој на земјоделството
Носители на проектот
Земјоделството во Македонија претставува околу 12% од БДП, но вработува повеќе од 20% од населението. Главно се произведува овошје и зеленчук. Одгледувањето на овци е исто така доста застапено. Земјоделското производство е разновидно почнувајќи од лозарство па се до житарици. Што се однесува до сточарството, производството на млеко е на второ место во земјата. Со оглед на фактот дека е неопходно поставување на европските норми за млечното производство, двете партнер-организации работат во насока на подобрување на млечното производство преку зголемување на хигиената и квалитетот на млекото како и на подигање на свеста за работа во кооперативи.
Цели
• Зајакнување на капацитетите на организациите на фармери за одржлив економски развој;
• Надминување на многубројните тешкотии со кои се среќаваат фармерите што се однесува до одржливоста на земјоделското производство;
• Зајакнување на организациите на фармери на Балканот, особено во Македонија и Косово
Главни активности
• Размена на искуства за јакнење на капацитетите на македонските фармери;
• Организирање на студиски посети во Франција за обука на македонските фармери;
• Организирање на годишна конференција во Македонија од мрежата на земјоделски организации на Балканот на тема кооперативи и организации на фармери;
• Изработка и промоција на брошурата “различни етапи за успешна кооператива“
Macedonian