Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Зајакнување на соработката на земјоделците

Printer-friendly versionSend to friend
Од 16 до 26 февруари 2011 година, двајца претставници од АФДИ беа во посета на Македонија. Целта на студиската посета беше да се остварат средби со идентификуваните пилот групи. Во рамките на средбите со пилот групите на млекопроизводители, Ришар Деминик (Richard Demynick) и Жан Луи Лоар (Јean Louis Loir) како претставници на АФДИ имаа можност да ги увидат директните проблеми со кои што фармерите се соочуваат секојдневно при што беше напомнато дека во овој дел од Македонија постои сериозен проблем со пласманот на млекото, но од друга страна беше истакната и загриженоста за лошиот квалитет на млекото и условите во кои што македонските фармери ги одгледуваат млечните крави. Ваквите заклучоци беа произлезени од директните разговори со двете пилот групи во Гостивар и село Пршовце, посетата на повеќе фарми во овој регион, но и од посетата на АД Млекара Тетово, како претставник од преработувачкиот сектор.
Средби беа остварени и со новите две пилот групи кои што исто така работат и во рамките на сопствени кооперативи, при што на претставниците од АФДИ им беа искажани нивните потреби и проблемите со кои што се соочуваат. Беа остварени две средби со претставници на единиците на локалните самоуправи во Берово и во Ресен, а исто така желбата за приклучување кон овој проект во иднина преку формирање на посебна фокус група ја изразија и земјоделците од здружението „Камењане“, на кое што претседателот е член на УО на ФФРМ. Овие земјоделци се занимаваат со одгледување на разни видови на житарици. 
Особено успешно помина предавањето на претставниците на АФДИ во Прилеп на погоренаведената тема. Имено, пред група од 30-тина фармери и претставници на откупувачите на житарици беше реализирано предавањето на кое што беа разгледани светските трендови во движењето на цените на житариците. Овој настан беше и медиумски покриен при што свои изјави за медиумите дадоа Richard Demynick, претседателот на ФФРМ, г-динот Андрија Секуловски и претставникот на секторот за житарици во ФФРМ, г-динот Мемет Синани. Во медиумите беше истакната потребата за соработка помеѓу овие две организации и бенефитот од ваквите посети на француските фармери.
Посетата заврши со конференцијата која што се одржа на 25ти февруари, каде особено значаен придонес имаа претставниците на АФДИ истакнувајќи ги своите ставови во однос на темата на конференцијата („Кооперативно здружување - основа за подобрување на конкурентноста на фармите“), а исто така свој удел имаа и во дискусиите и прес конференцијата за медиумите. На конференцијата зборуваа претставници од KASH (Agrobusiness Council of Albania), IADK (Initiative for agricultural development of Kosovo), претставници на бројни проекти во Македонија од областа на земјоделството (SNV, USAID, ALDA, NORGES VEL), претставник од Европската Делегација во Македонија, како и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Стопанската Комора на РМ, претставници од Француската, Шведската, Норвешката Амбасада, Амбасадата на САД, еминентни професори од Факултетот за земјоделски науки и храна, Ветеринарниот Факултет, претставници од Стопанската Комора на РМ, итн.
ФФРМ и здруженијата на фармери и земјоделци на Балканот кои што преку дискусиите имаа можност да ги истакнат проблемите кои што најмногу ги засегаат, но и да разговараат за изнаоѓање на решенија на истите, како би го подобриле квалитетот на своето производство и би обезбедиле сигурен пласман на своите производи во Македонија и на Балканот.
 
Macedonian
16.02.2011

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“