Федерацијата на фармерите на Република Македонија, во рамки на заедничката програма со Француската асоцијација на земјоделци за меѓународен развој (АФДИ) поддржана од Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) организира четири работилници за подобрување на хигиената и квалитетот на млекото за фармери од Република Македонија. Целта на работилниците е да се обезбеди спој помеѓу научните достигнувања и земјоделските практики што ќе води кон подобрување на постапките при млекопроизводството а со тоа кон подобрување на хигиената и квалитетот на млекото во Република Македонија.
Оска на соработка: Развој на земјоделството
Носители на проектот
Земјоделството во Македонија претставува околу 12% од БДП, но вработува повеќе од 20% од населението. Главно се произведува овошје и зеленчук. Одгледувањето на овци е исто така доста застапено. Земјоделското производство е разновидно почнувајќи од лозарство па се до житарици. Што се однесува до сточарството, производството на млеко е на второ место во земјата. Со оглед на фактот дека е неопходно поставување на европските норми за млечното производство, двете партнер-организации работат во насока на подобрување на млечното производство преку зголемување на хигиената и квалитетот на млекото како и на подигање на свеста за работа во кооперативи.
Цели
• Зајакнување на капацитетите на организациите на фармери за одржлив економски развој;
• Надминување на многубројните тешкотии со кои се среќаваат фармерите што се однесува до одржливоста на земјоделското производство;
• Зајакнување на организациите на фармери на Балканот, особено во Македонија и Косово
Главни активности
• Размена на искуства за јакнење на капацитетите на македонските фармери;
• Организирање на студиски посети во Франција за обука на македонските фармери;
• Организирање на годишна конференција во Македонија од мрежата на земјоделски организации на Балканот на тема кооперативи и организации на фармери;
• Изработка и промоција на брошурата “различни етапи за успешна кооператива“
Macedonian
Најнови вести
Вести од соработката |
Развој на земјоделство
10.08.2012
Во рамките на оската „земјоделски политики“, Федерацијата на фармерите на РМ организира седумдневна посета на Француската земјоделска организација АФДИ со која спроведува проект за подобрување на квалитетот на млекото од 8 до 15 август 2012 година. Во рамките на оваа посета се реализираа неколку средби со сточари и млекари низ повеќе места во Македонија (Тетово, Куманово, Битола и Струмица).