Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Федерација на фармери на Република Македонија – ФФРМ

Printer-friendly versionSend to friend
КОНТАКТ
Име на организацијата: Федерација на фармери на Република Македонија – ФФРМ
Адреса: ул. „Христо Смирненски" бр 15, 1000 Скопје
Телефон, Факс: +389 2 3099 042
Интернет страница: www.ffrm.org.mk
Лице за контакт: Ѓорги Јовановски
 
ИСТОРИЈАТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
ФФРМ е формирана од седум национални и четири регионални сојузи на 29 јули 2002 година во Кавадарци како Федерација на македонски фармери. Целта на ваквото обединување е да се настапи организирано и обединето пред институциите, да се зголеми моќта на преговарање на земјоделците и да се заштитат нивните права и интереси.
Федерацијата на фармери на Република Македонија е доброволно, непартиско, невладино здружение на граѓани кое ја обединува работата на сите фармери кои се членови на земјоделски здруженија во Република Македонија. 
 
ВИЗИЈА/МИСИЈА
Визија на ФФРМ: Организираниот фармер - движечка сила за одржлив развој на Република Македонија
Мисија на ФФРМ: Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) ја обединува работата на земјоделските здруженија и нивните членови заради остварување на нивните права и интереси на модерен и демократски начин и придонесува за развојот на одржливо земјоделство и квалитетно живеење
 
ЦЕЛИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Лобирање и застапување на потребите и интересите на членовите и градење  стратешки сојузи;
поддршка и спроведување на активностите по барање на членовите на ФФРМ - подобрена комуникација;
организациска одржливост на ФФРМ и на регионалните центри
 
ГЛАВНИ АКТИВНОСТИ
- ФФРМ активно учествува во сите процеси на креирање на политиката од областа на земјоделскиот сектор и другите сектори кои што навлегуваат во доменот на земјоделството;
- учествува преку свои работни групи при креирањето на законите и другите правни акти од областа на земјоделството, а исто така секоја година изготвува и свој предлог на програмата за субвенции;
- воспоставува и ја унапредува соработката со меѓународни владини и невладини организации и организациите на ЕУ;
- обезбедува директни услуги за своето членство (воспоставување на систем за сметководствена евиденција на фарма, пополнување на апликации (субвенции, рурален развој, ИПАРД), промовирање на формите на организирање и здружување на фармерите, едукативни работилници, обуки итн.);
- развивање на капацитетите за изработка на проекти и аплицирање на повици;
- управување со човечки ресурси;
- соработува со образовни институции, единици на локална самоуправа;
- изнаоѓа можности за користење на донаторски средства за подобрено работење на ФФРМ;
- обезбедува навремени, точни и релевантни информации од земјоделците и за земјоделците, преку своето сопствено списание “Моја Земја“;
- организира регионални и меѓународни конференции;
- учествува како партнер организација при спроведувањето на проекти итн.
 
Macedonian

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“