Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Младите од Вевчани ја откриваат Долна Нормандија

Printer-friendly versionSend to friend

Како дел од соработката меѓу Вевчани и Ерманвил-сур-Мер предвидена е младинска размена на група од десетина млади луѓе од општина Вевчани во Ерманвил-сур-Мер, во периодот од 21 до 29 јули 2012. Предвидени се крајбрежни активности од спортски карактер, како: пливање, јахта на песок, правење летала и змејови, но тие исто така ќе учествуваат на еколошка акција за чистење на плажата. На вечерата посветена на меѓукултурно запознавање, младите ќе ја претстават Македонија и македонските игри и песни. Како дел од активностите, предвидена е и вечера со градоначалниците на Ерманвил и Колевил и посети на градовите Ерманвил, Каен и Париз. Размената на млади е финансирана од Европската Унија во рамките на програмата „Млади во акција“.

 

Истовремено, триесетина членови на Културното и уметничко друштво „Дримкол“ од Вевчани, поддржани од Министерството за култура на Република Македонија, ќе заминат на посета во Ерманвил-сур-Мер. Тие ќе имаат неколку настапи во Ерманвил и во Флори-сур-Орн со цел да ја претстават македонската култура и традиција.

Macedonian
20.07.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“