Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Соработка на македонските општини збратимени со Долна Нормандија

Printer-friendly versionSend to friend

На 12 јуни 2012 година во Скопје, се одржа вториот состанок на работната група на градовите и општините од Република Македонија кои се вклучени во соработка со локалните власти од регионот Долна Нормандија. На состанокот, организиран од страна на Канцеларијата на соработката од Македонија и Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), учествуваа претставници на општините на Карпош, Велес, Крушево, Берово и Дебар.

Главната цел на состанокот беше општините да зборуваат за нивното искуство во соработката со француските партнери и да се да идентификуваат теми за можна идна заедничка соработка помеѓу сите општини. Речиси сите општини се особено заинтересирани за продлабочување на соработката на полињата на култура и културно наследство, управување со отпад, туризам и млади. За време на дискусијата, се развија повеќе идеи и предлози за вклучување на нови општини во соработката и за аплицирање за нови европски проекти. Притоа, се истакна потребата за колективен пристап кон соработката и за поинтензивна комуникацијата и вмрежување.

Се предвидува нова средба на работната група во септември 2012 година, по одржувањето на завршниот управен одбор на соработката.

 
Macedonian
12.06.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“