Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Соработка меѓу Велес и Шербур во областа на културата

Printer-friendly versionSend to friend
Делегацијата на Општина Велес, предводена од градоначалникот Горан Петров, а составена од директорите на музејот на Велес и библиотеката во Велес, ја заврши официјалната посета на градот Шербур Октевиљ, во Франција.
За време на четиридневната посета, велешката делегација се сретна со претставниците на градот Шербур и се одржаа повеќе работни состаноци каде се стави акцент на културните политики и институционалното функционирање на Велес и Шербур во европски рамки. Градоначалниците на двете општини покажаа волја и заемен интерес за проширување на соработката и во други области како управување со отпад, граѓанско учество, архитектонско наследство, информатичка технологија.
 
Како дел од работната посета, македонската делегација имаше можност да ги посети и културните знаменитости во Шербур. Имено, културата беше една од главните теми на оваа посета. На средбите се разговараше за продлабочување на идната соработка на повеќе полиња во оваа област како: соработка меѓу македонски и француски театарски трупи за театарскиот фестивал во Велес, размена на практиканти, прoмовирање на македонската книжевност преку превод на дела на француски јазик, донација на франкофонски дела во библиотеката во Велес, размена на научни искуства во однос на реставрацијата, ископувањата и чувањето на елементите од музеите, размена на дела за вкрстена изложба.
 
За време на посетата, велешката делегација имаше можност да ја претстави културната политика на градот и својата програма, како и проектите на библиотеката на Велес и во истовреме да се запознае со начинот на работа на културните институции во градот Шербур.
Macedonian
01.06.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“