Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Крушево ќе го посети саемот во Сен Масе

Printer-friendly versionSend to friend

По првата средба меѓу двете општини што се одржа минатиот февруари во Крушево, македонска делегација ќе замине на посета во Сен Жам од 21 до 25 септември 2012 година. За време на посетата македонската делегација ќе учествува на инагурацијата на саемот во Сен Масе на 22 септември, а ќе посети историски споменици во Областа Мон Сен Мишел, како и американските воени гробишта. Македонската делегација исто така ќе има можност да ги запознае и структурите во Сен Жам како: социјалното седиште на заедницата на општините, јавниот дигитален простор, градинката за мали деца, депонијата, медијатеката, бирото за туризам и болницата.

За повеќе информации на француски јазик за саемот, посетете го сајтот на бирото за туризам на Сен Жам.

Macedonian
14.09.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“