Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Лето богато со средби меѓу општините од Македонија и Долна Нормандија

Printer-friendly versionSend to friend
Ова лето ќе се остварат мноштво средби и размени меѓу општините од Долна Нормандија и Македонија. Предвидено е, француска делегација од општината Флери-сур-Орн, предводена од градоначалникот Марк Лецерф, да дојде на официјална посета во општината Карпош од 6 до 9 јули 2012 година. Целта на посетата е да се истражи потенцијалот за започнување на соработка во областа на културните размени и младите.
Градовите Вистреам и Струга, коишто соработуваат во повеќе полиња, како млади, туризам и животна средина, ќе остварат средба на почетокот на јули. Делегација од Вистреам, составена од повеќе претставници на општината, ќе се сретне со своите партнери во Струга со цел да разговараат за продлабочување на предвидените активности за оваа година.
Соработката помеѓу Ерманвил-сур-Мер и Вевчани ќе се продлабочи летово кога се предвидува КУД Дримкол од Вевчани да претстави дел од македонското културно наследство во неколку општини во регионот Долна Нормандија. Исто така за време на летниот период ќе се реализира и младинска размена преку која млади на возраст од 14-17 години ќе имаат можност да престојуваат 10 дена во Франција за да откријат каков е животот во таа општина.
Macedonian
29.06.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“