Фондацијата Метаморфозис подготви ново кратко анимирано видео насловено „Денари“. Станува збор за најновото и последно издание од серијалот на кратки и анимирани видеа кое нуди едукативни факти за македонските пари и кое следи по „Брзина на звук“, видео инспирирано од областа на физиката и „Правопис“ видео кое ги прикажува честите правописни грешки. Сите три видеа имаат едукативна содржина и се направени со цел да нè потсетат колку е важно образованието, како формалното, така и неформалното и колку е значајна улогата на образовните ресурси во образовниот процес.
Како дел од активностите на тема дигиталните медиуми на Дирекцијата за дигитален развој на територијата на Регионалниот совет на Долна Нормандија, директорот на фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари замина на посета во Долна Нормандија на 17 и 18 јануари 2013 година.
На 18 и 19 октомври, со почеток во 10 часот, во просториите на Метаморфозис, се одржаа 2 вики-маратони. Овој пат, на маратоните учествуваа вкупно 14 учесници од Институтите за историја, археологија и архивистика при Филозофскиот факултет во Скопје.
Во рамките на проектот за подигнување на свеста за приватноста на интернет „Приватност на интернет на лесен начин“, фондацијата Метаморфозис подготви краток анимиран филм „Силеџија“ на тема заплашување на младите преку современи алатки како мобилни телефони или интернет. Целта на филмот е да се подигне свеста кај младите луѓе за сајбер-насилството што е честа современа појава, како и ефектите од него врз жртвата и можните последици за оние што ја користат оваа форма на насилство за да ги заплашат другите.
Институтот за човекови права и мир организираше летна школа на тема сиромаштија и мир. Главната цел на школата, којашто се организира секоја година, е да ги направи младите луѓе амбасадори на мирот. Последните три години македонски претставници активно учествуваат на школата, а оваа година имаше 5 претставници-франкофони од Македонија. Четири од нив добија стипендија за покривање на патните трошоци од страна на Амбасадата на Франција во Македонија.
Меѓународната конференција „Слобода и приватност на интернет“ 2012 организирана од страна на Институтот за човекови права и мир (Каен) и Фондацијата Метаморфозис (Скопје), во рамките на децентрализираната соработка Долна Нормандија/Македонија, успешно заврши на 22 мај во Скопје.
Во рамките на соработката Долна Нормандија / Македонија, фондацијата Метаморфозис во соработка со локалните партнери, фондацијата Фокус од Велес и Центарот за одржлив развој од општината Дебар, организираа два „wiki“ маратони. Целта на овие маратони е промоцијата на алатката „wiki“ како средство за споделување на локални информации за македонските општини.
Mеѓународната конференција „Слобода и приватност на интернет“,организирана од Метаморфозис во партнерство со Институтот за човекови права и мир во Каен, Франција, како дел од долгогодишната децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија, ќе се одржи во Скопје, во салата City Hall на 21 и 22 мај.
Во рамките на активностите во оската на дигиталните технологии предвидени за оваа година, фондацијата „Метаморфозис“ и фондација „Фокус“ од Велес, организираат работилница и настан ВИКИ-МАРАТОН. Велес ќе биде два пати домаќин на овој настан, на 25 април и на 9 мај 2012, во зависност од интересот на учесниците.
На 06.03.2012 година, во просториите на фондацијата Метаморфозис се одржа обука за користење на вики-платформата преку практична работа на веб-сајтот wiki.mk. Оваа обука беше наменета за македонските партнери во проектот за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија.