Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

„Слобода и приватност на интернет“ во Скопје

Printer-friendly versionSend to friend
Mеѓународната конференција „Слобода и приватност на интернет“,организирана од Метаморфозис во партнерство со Институтот за човекови права и мир во Каен, Франција, како дел од долгогодишната децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија, ќе се одржи во Скопје, во салата City Hall на 21 и 22 мај.
Во фокусот на конференцијата се две главни теми: приватноста и слободата на изразување, при што експерти од повеќе земји ќе имаат излагања за разни аспекти од овие области. Ќе бидат разгледани законските рамки за приватноста во неколку земји од ЕУ и од Балканот, ќе се дискутира за приватноста на децата на интернет, приватноста во бизнис секторот и во медиумите. Во контекст на слободата на изразување, ќе се опфатат теми за цензура во медиумите, говор на омраза, улогата на државата, како и улогата на социјалните медиуми како слободна територија.
 
Сите детали за конференцијата, како и агендата и формуларот за регистрација ќе ги најдете на:
За оние кои нема да бидат во можност да присуствуваат на конференцијата, ќе можат на интернет, во живо, да го следат настанот тука. Twitter хаштагот за конференцијата е #fpi12.
Macedonian
18.05.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“