Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Млади Македонци дебатираат за човекови права на летна школа во Каен

Printer-friendly versionSend to friend

Институтот за човекови права и мир организираше летна школа на тема сиромаштија и мир. Главната цел на школата, којашто се организира секоја година, е да ги направи младите луѓе амбасадори на мирот. Последните три години македонски претставници активно учествуваат на школата, а оваа година имаше 5 претставници-франкофони од Македонија. Четири од нив добија стипендија за покривање на патните трошоци од страна на Амбасадата на Франција во Македонија.

Во текот на една недела, учесниците кои доаѓаа од сите страни на светот имаа можност да следат предавања од реномирани експерти кои се посветени на борбата против сиромаштијата на глобално ниво. Господин Бардил Јашари од фондацијата „Метаморфозис“ исто така имаше излагање посветено на влијанието на информатичко комуникациските технологии во борбата против сиромаштијата. Излагањето беше организирано како дел од партнерството меѓу Институтот и „Метаморфозис“ во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија. Од неодамна, темата човекови права предизвикува силен интерес кај партнерите од децентрализираната соработка. Придонесот на господин Јашари беше мошне значаен и поттикна интересна дебата меѓу учесниците. Во текот на целата недела, учесниците активно учествуваа на дебатите, поставуваа прашања и ја коментираа грубата реалност во своите земји. Се развија многубројни идеи за тоа како да се придонесе за намалување на овој сериозен и сеприсутен проблем.

Еден од македонските учесници, Никола Штериов, ги искажа своите импресии од летната школа: „Летната школа беше прекрасно искуство. Ми се допаднаа мислењата на предавачите и студентите на тема којашто од секогаш ми била интересна, а тоа е сиромаштијата и социјалната стратификација. Понатаму, ова искуство ми овозможи да го подобрам мојот француски јазик. Она што најмногу ме фасцинираше е убавината на регионот Долна Нормандија.“

Програмата за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Македонија ја охрабрува и промовира размената на млади и во таа насока постојано создава можности за размена меѓу двете територии.

 
Macedonian
20.07.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“