Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Wiki-маратон - работилница и обука

Printer-friendly versionSend to friend
Во рамките на активностите во оската на дигиталните технологии предвидени за оваа година, фондацијата  „Метаморфозис“ и фондација  „Фокус“ од Велес, организираат работилница и настан ВИКИ-МАРАТОН. Велес ќе биде два пати домаќин на овој настан, на 25 април и на 9 мај 2012, во зависност од интересот на учесниците.
Пријавените учесници, кои ќе учествуваат на маратонот, претходно ќе обезбедат свои материјали, во електронска или во печатена форма, за различни теми кои се  значајни во локален контекст (Велес и регионот), но интересни  во рамките на целата земја: споменици, библиотеки, индустрии, компании, ресторани, културни и уметнички друштва, творци, занаетчии... Како дел од маратонот, тие материјали ќе ги објават на порталот wiki.mk.
Тимот на Метаморфозис, пред почетокот на настанот, ќе одржи двочасовна обука за користење на wiki, на која сите заинтересирани учесници ќе можат да дознаат повеќе за објавувањето на собраните информации.
 
Macedonian
25.04.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“