Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Одржани два вики-маратони во Скопје

Printer-friendly versionSend to friend

На 18 и 19 октомври, со почеток во 10 часот, во просториите на Метаморфозис, се одржаа 2 вики-маратони. Овој пат, на маратоните учествуваа вкупно 14 учесници од Институтите за историја, археологија и архивистика при Филозофскиот факултет во Скопје.
Маратоните започнаа со кратка обука за користење на платформата wiki.mk. Учесниците потоа следејќи ги чекорите за поставување, уредување и ажурирање на текстуални содржини и фотографии, започнаа индивидуално да ги внесуваат претходно подготвените текстови и фотографии, користејќи ги вики-алатките. За време на овие 2 настани беа поставени околу 50тина текстови.
Овие 2 маратони се последни во низата, а следат по 4те маратони кои претходно се одржаа во Велес и Дебар на кои присуствуваа вкупно 56 учесници и за време на кои беа поставени 70тина статии на македонски, албански и турски јазик, за теми од културата, историјата, традицијата, образованието, и значајни личности од регионот од кој доаѓаа учесниците.

За време на 6 те реализирани маратони, кои се дел од проектот за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија, поставени се околу 120 нови статии на Вики.мк со што се постигна збогатување на содржините од локално значење.
 

  
Macedonian
22.10.2012
http://metamorphosis.org.mk/mk/aktivnosti/2264-odrzhani-dva-viki-maratoni-vo-skopje

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“