« Wiki » маратони во Велес и Дебар
Во рамките на соработката Долна Нормандија / Македонија, фондацијата Метаморфозис во соработка со локалните партнери, фондацијата Фокус од Велес и Центарот за одржлив развој од општината Дебар, организираа два „wiki“ маратони. Целта на овие маратони е промоцијата на алатката „wiki“ како средство за споделување на локални информации за македонските општини.
Првиот маратон се одржа на 25 април во просториите на фондацијата Фокус во Велес. Меѓу дванаесетте учесници беа и претставниците на организацијата Радио ЦД, фондацијата Фокус и организацијата Вила Зора. Маратонот започна со кратка обука за користење на „wiki“ алатката и продолжи со активностите на учесниците, кои на крајот на денот објавија околу 25 написи од областа на велешката култура и историја.
Вториот маратон се одржа во Дебар, на 26 април 2012 година, во просториите на Центарот за одржлив развој на општина Дебар. На обуката учествуваа волонтери, наставници и ученици кои за време на обуката објавија неколку корисни информации за општината и градот.
Порталот www.wiki.mk цели кон збогатување на информациите од локален карактер во повеќе општини низ Македонија. На тој начин, преку современа дигитална алатка, се врши ефикасна и поволна промоција на градовите. Моментално постојат три одделни портали за градовите Скопје, Велес и Дебар, но содржината ги опфаќа и скопскиот и вардарскиот регион, како и Југозападниот регион.
Во зависност од интересот на учесниците, предвидени се уште два маратони од овој вид во Велес и Дебар, но и за градот Скопје, предвидени за јуни.
Macedonian
27.04.2012