Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Семинар „Дигитални медиуми во Нормандија“ за користење на новите технологии

Printer-friendly versionSend to friend
Како дел од активностите на тема дигиталните медиуми на Дирекцијата за дигитален развој на територијата на Регионалниот совет на Долна Нормандија, директорот на фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари замина на посета во Долна Нормандија на 17 и 18 јануари 2013 година.
 
Првиот ден од посетата беше одбележан со регионалниот семинар: Дигитални медиуми во Нормандија. На семинарот зедоа учество повеќе од 80 чинители кои работат со дигитални медиуми во Долна Нормандија. Тие дискутираа на различни теми како: користење на дигиталните технологии во здравството, дигиталната уметност, музиката, вработувањето, социјалните мрежи, културата, туризмот, хендикепот, информирање на младите, здруженија на граѓани, Европа; споделување на мобилни апликации: дигитални технологии и културни практики во мултимедијални библиотеки; користење на социјални мрежи. 
 
Бардил Јашари од Метаморфозис имаше свое излагање на семинарот на темата придружување на младите при користењето на социјалните мрежи. Тој ги претстави тековните и идните иницијативи на ова тема. Вечерта беше организирана средба на тема проекти за е-учење.
 
Наредниот ден, господинот Јашари се сретна со неколку носители на проекти и чинители кои работат на обучување за користење на социјалните мрежи и тие дискутираа за проектите: „Образование за дигиталните технологии, „Акција за обучување за дигиталните слободи“ на Меѓународниот институт за човекови права и мир, проект за превенција од опасностите од интернет и социјалните мрежи, „Надзор на интернет“ на Јавниот дигитален простор од Шербур-Октевил. 
 
Неисцрпната и секогаш актуелна тема за користење на социјалните мрежи и понатаму ќе остане приоритет помеѓу двата партнера кои соработуваат во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија.

 

Macedonian
21.01.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“