Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Меѓународна конференција „Слобода и приватност на интернет“ 2012

Printer-friendly versionSend to friend
Меѓународната конференција „Слобода и приватност на интернет“ 2012 организирана од страна на Институтот за човекови права и мир (Каен) и Фондацијата Метаморфозис (Скопје), во рамките на децентрализираната соработка Долна Нормандија/Македонија, успешно заврши на 22 мај во Скопје.
На конференцијата се дискутираше за слободата на говор на интернет, цензурата во медиумите, улогата на државата и социјалните мрежи како единствена „слободна територија“, безбедноста на децата на интернет, приватноста во медиумите и бизнис секторот, правната и институционалната рамка во Македонија, на Балканот и во Европската унија.
 
Посетителите внимателно ги следеа, но и активно учествуваа во излагањата на 36 меѓународни и локални говорници: претставници на невладини организации, консултантски компании, приватни компании, јавни установи, министерства, образовни институции, итн. Првиот конференциски ден го одбележаа предавањата за правната рамка и приватноста на интернет во земјите на ЕУ и на Балканот во медиумите, но и во домашните и професионалните услови. Вториот и последен ден од овој семинар беше посветен на слободата на изразување на интернет. Од оваа тема произлегоа многубројни дискусии и дебати каде учесниците зборуваа и за „говорот на омраза“, социјалните медиуми и цензурата на интернет во различни земји.
 
За време на двата конференциски дена, на Твитер беа објавени 500 пораки со информативна содржина преземена од учесниците на конференцијата, но и сопствени мислења на одредени теми како и многубројни прашања во со приватноста и безбедноста на интернет. Овие пораки се достапни на твитер хаш-тагот #fpi12. За француските партнери кои не беа во можност да присуствуваат на конференцијата, организаторите обезбедија емитување во живо на интернет, на француски јазик.
 
Паралелно со настанот, беа организирани и работилници за дистрибуирање на печатените материјали од конференцијата и нејзините учесници, но и практични работилници каде учесниците можеа да научат повеќе за тоа како да се заштитат себеси и своите информации на интернет. Резултатите од практичната работилница покажаа дека се повеќе интернет корисници во Македонија користат безбедни начини на поврзување и пребарување.
Оваа динамична конференција поттикна сериозни дискусии за сите проблеми поврзани со приватноста и интернетот, односно со слободата на изразувањето, медиумите, итн. Конференцијата официјално ја отвори НЕ Жан Клод Шлумберже, амбасадорот на Франција во Македонија, Елвис Али, претставник на Делегацијата на Европската Комисија, Бардил Јашари од Метаморфозис, Себастијан Ботробонтер од Институтот за човекови права и мир и Билјана Зашова од АЛДА.
Macedonian
22.05.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“