Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Македонските партнери од проектот за децентрализирана соработка со Долна Нормандија посетија обука за wiki.mk

Printer-friendly versionSend to friend
На 06.03.2012 година, во просториите на фондацијата Метаморфозис се одржа обука за користење на вики-платформата преку практична работа на веб-сајтот wiki.mk. Оваа обука беше наменета за македонските партнери во проектот за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија.
Обука ја посетија претставници од ИНФО СЕГА-Прилеп и од Канцеларијата на соработката во Скопје. Обучувач беше претставник од Метаморфозис, а учесниците имаа можност да се запознаат со вики-софтверот и неговата употреба, како и да научат да уредуваат текст, да создаваат врски и да додаваат наводи, да уредуваат слики, мултимедија, табели, категории и страница за разговор.
 
Дополнително, на учесниците им беше овозможена техничка едукација која може да им помогне во подобра промоција и видливост на нивната работа на Интернет.
Macedonian
06.03.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“