Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Дигитални технологии Subscribe to RSS - Дигитални технологии

Macedonian

Обука за користење на wiki интернет страници за македонските партнери

Во рамките на оската 1 „Дигитални технологии“  Метаморфозис организира обуки за користење на wiki интернет страници за македонските партнери на децентрализираната соработка.
По обуката, учесниците ќе стекнат нови вештини за уредување на веб-содржини, ќе можат да работат на вики-интернет страници, како и на Википедија. Со помош на стекнатите вештини, учесниците ќе можат преку користење нов интернет простор да ја промовираат својата работа.
 
Обуките ќе се одржат на 6ти и 8ми март, 2012 година во Скопје, во просториите на Метаморфозис.
Macedonian

Пракса за пишување и уредување веб-содржини за Македонија

Во рамките на соработката помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија, фондацијата Метаморфозис објави јавен повик за практиканти кои сакаат да стекнат нови компјутерски вештини за објавување веб содржини и со тоа да допринесат во збогатувањето на информациите за својот град на интернет. Повикот е насочен кон студентите на факултетите за новинарство, политички науки, туризам, етнологија, археологија, историја, филологија и др. но и кон сите оние кои сакаат да научат и да го усовршат своето знаење од оваа област.
Macedonian

Правници, политиколози, социолози и експерти во информатичката технологија ги анализираа „сајбер-просторот и човековите права”

Во Долна Нормандија се одржа семинар во соработка со меѓународниот институт за човекови права и мир за користењето на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) за зајакнување на демократските практики. Една од целите на семинарот беше и да се анимира мрежата на мултилатералната програма за децентрализирана соработка Франција-Балкан околу темите за информирање на граѓаните преку медиумите, со помош на ИКТ.
Macedonian

Обуки за користење на Wiki.mk во Скопје, Велес и Дебар

Април 2011; Скопје, Велес, Дебар (МК) - Овој месец Фондацијата Метаморфозис одржа обуки за користење на Wiki.mk. На обуките организирани во Скопје (16.04.2011), Велес (08.04.2011) и Дебар (01.04.2011) учесниците се запознаа со Вики софтверот и неговата употреба.
Macedonian

Студиска посета во регионот Долна Нормандија

Во периодот од 8ми до 11ти декември 2010 година, државна делегација од Македонија го посети регионот Долна Нормандија. Делегацијата беше составена од г-н Павле Саздов , Државен секретар во Министерство за информатичко општество, г-н Александар Угриноски од Агенцијата за државни службеници, г-н Бардил Јашари, Директор на Фондацијата Метаморфозис и г-ца Елена Игнатова, проектен координатор во Фондација Метаморфозис.
Macedonian

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“