Во периодот од 8ми до 11ти декември 2010 година, државна делегација од Македонија го посети регионот Долна Нормандија. Делегацијата беше составена од г-н Павле Саздов , Државен секретар во Министерство за информатичко општество, г-н Александар Угриноски од Агенцијата за државни службеници, г-н Бардил Јашари, Директор на Фондацијата Метаморфозис и г-ца Елена Игнатова, проектен координатор во Фондација Метаморфозис.