Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Правници, политиколози, социолози и експерти во информатичката технологија ги анализираа „сајбер-просторот и човековите права”

Printer-friendly versionSend to friend
Во Долна Нормандија се одржа семинар во соработка со меѓународниот институт за човекови права и мир за користењето на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) за зајакнување на демократските практики. Една од целите на семинарот беше и да се анимира мрежата на мултилатералната програма за децентрализирана соработка Франција-Балкан околу темите за информирање на граѓаните преку медиумите, со помош на ИКТ.
Имено, минатата година регионалниот совет на Долна Нормандија зема активно учество во мултилатералната децентрализирана соработка помеѓу Франција и балканските земји. Токму во рамките на таа соработка, се одржа семинарот „Сајбер-простор и човекови права“ во Каен.
На семинарот учествуваа околу триесет експерти од Франција и од земјите на Западниот Балкан, каде имаа можност да разговараат за основите и залагањата во оваа област. Имено, на семинарот се дискутираше за лошата и добрата страна на новите технологии во глобална смисла, како и за нивното влијание врз човековите права. Како дел од семинарот, на 7ми и 8ми јуни се одржа и се работилница, на заедничка покана од Франција/Балкан, Метаморфозис, регионалниот совет на Долна Нормандија, регионалниот совет на Оверњ, АЛДА и Меѓународниот институт за човекови права и мир.
Во попладневните часови на 8ми јуни, поканетите експерти одржаа јавна конференција на која се изнесоа заклучоците од изминатите средби. Овој настан успеа да воспостави трајна мрежа на француски и балкански експерти, која по пат на редовни средби ќе има можност потемелно да дискутира и анализира теми од различни области.

 

Macedonian
07.07.2011

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“