Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Пракса за пишување и уредување веб-содржини за Македонија

Printer-friendly versionSend to friend
Во рамките на соработката помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија, фондацијата Метаморфозис објави јавен повик за практиканти кои сакаат да стекнат нови компјутерски вештини за објавување веб содржини и со тоа да допринесат во збогатувањето на информациите за својот град на интернет. Повикот е насочен кон студентите на факултетите за новинарство, политички науки, туризам, етнологија, археологија, историја, филологија и др. но и кон сите оние кои сакаат да научат и да го усовршат своето знаење од оваа област.
По обуката, практикантите ќе се стекнат со знаења за објавување и уредување на содржини на вики-платформата (wiki.mk). Напредните корисници ќе имаат можност да се вклучат во специјалната група администратори на веб-порталите на градовите.
Употребата на вики-платформата веќе е активна на интернет со вики-порталите за градовите Скопје, Велес и Дебар.
 
За повеќе информации кликнете тука.
За да го превземете Прирачникот за wiki кликнете тука.
Macedonian
22.09.2011

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“