Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија има основна цел да придонесе за развојот на доброто локално владеење и рамномерниот регионален развој во двете територии. Оваа соработка се реализира преку преку размени на добри практики во повеќе области меѓу различни чинители како локални власти, здруженија на граѓани, образовни установи и приватен сектор.


Вести од соработката | Координација
11.06.2014
Генералното собрание на АЛДА се одржа во Стразбур од 4ти до 6ти јуни 2014 година. Присутните делегати и партнери имаа можност заедно да го прегледаат стратегискиот план од 2013 година и да разговараат за проектите кои претстојат во следните месеци. На Генералното собрание и другите конференции поврзани со овој настан, во Советот на Европа, присуствуваа повеќе од 50 членови на проширената Европа.
 
Покрај Генералното собрание, на 4ти јуни се одржа...
>>>
Вести од соработката | Збратимување на градови
10.06.2014
Француската амасадорка во Македонија, Лоранс Оер оствари работна посета во општината  Берово каде се сретна со градоначалникот на Берово, Драги Наџински. Нивната средба беше посветена на соработката помеѓу општините Берово и Ливаро со посебен акцент на институционалната соработка. Амбасадорката Оер ја понуди својата поддршка на соработката помеѓу Берово и Ливаро и нагласи дека е поволна за двете територии.
 
Општината Берово ги потпиша договорите...
>>>
Вести од соработката | Координација
06.06.2014
Денес, на 6ти Јуни 2014 година, Франција и светот слават 70 години од Денот Д, Истоварувањето на сојузничките сили на брегот на Нормандија. По тој повод, на брегот на Нормандија денес се среќаваат светските лидери од земјите учеснички, преживеани ветерани, илјадници жители на Нормандија и посетители од целиот свет кои ќе им одадат почит на војниците кои беа дел од оваа битка. Покрај свечената меѓународна комеморација, се одржуваат низа настани: к...
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“