Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Соработката Долна Нормандија / Македонија на Генералното собрание на АЛДА во Совет на Европа

Printer-friendly versionSend to friend
Генералното собрание на АЛДА се одржа во Стразбур од 4ти до 6ти јуни 2014 година. Присутните делегати и партнери имаа можност заедно да го прегледаат стратегискиот план од 2013 година и да разговараат за проектите кои претстојат во следните месеци. На Генералното собрание и другите конференции поврзани со овој настан, во Советот на Европа, присуствуваа повеќе од 50 членови на проширената Европа.
 
Покрај Генералното собрание, на 4ти јуни се одржаа и разноврсни обуки како и средби со членови на АЛДА со цел да се презентираат новите програми за европски фондови, иницијативата за граѓанско новинарство и приклучувањето на нови членови.
На 5ти јуни се одржа последната меѓународна конференција од програмата „Working together for Development“, премостување на европската година 2013 и европската година 2015: од учество до развој. Истовремено, се одржа прослава за 10-годишнината од големото проширување на Европска Унија во 2004 година во присуство на амбасадорите на земјите членки и Генералниот секретар на конгресот.
 
За време на претставувањето на програмите на соработка, директорката на АЛДА, Антонела Валморбида ја потенцираше важноста на децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија, посочувајќи ја како успешен пример. За време на обраќањето директорката ѝ ја честита на Нормандија 70-годишнината од Денот-Д како и на сите земји кои присустни на настаните во Стразбур. Тоа воедно беше и повод да се промовира документарната репортажа „Војникот Рајан од Битола“, приказна за македонскиот војник, регрутиран во американската армија кој се борел и загинал на 6ти јуни 1944 година на плажите во Нормандија.
 
Повеќе информации во врска со Генералното собрание на АЛДА прочитајте тука.
Macedonian
11.06.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“