Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија има основна цел да придонесе за развојот на доброто локално владеење и рамномерниот регионален развој во двете територии. Оваа соработка се реализира преку преку размени на добри практики во повеќе области меѓу различни чинители како локални власти, здруженија на граѓани, образовни установи и приватен сектор.


Вести од соработката | Координација
14.05.2014
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Институтот за човекови права и мир од Каен, ја започнаа својата соработка на темата човекови права, во рамките на децентрализираната соработката. Така, двете организации подготвија јавна дискусија која има за цел да отвори прашања во врска со растечката тенденција на кривични дела сторени од омраза кај младите во Република Македонија и Република Франција. Дебата ќе се одржи во петок,...
>>>
Вести од соработката | Координација
09.05.2014
Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) го има задоволството да ве покани на последниот настан од проектот Working Together for Development кој ќе се одржи на 5ти јуни во Совет на Европа, во Стразбур. Овој настан го опфаќа и анализира поголемиот дел од дебатата која се води во последните неколку години во врска со можноста да се поврзат граѓанското учество на локално ниво и концептот на развој. Земајќи го во предвид започнувањето н...
>>>
Вести од соработката | Координација
09.05.2014
Баруф Оркестар, невообичаената група музичари која доаѓа од Долна Нормандија а, се препознава во музичката традиција на Централна и Источна Европа, го заврши своето музичко патување низ градовите на Македонија. Нивната последна авантура беше изведбата во Могила на 8ми мај.
 
Баруф Оркестар ја започна својата мала турнеја на 28ми април во Скопје каде одржа свирка во старата чаршија и ја размрда бројната публика која беше нетрпелива да слушне и да...
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“