Амбасадата на Франција во Македонија, Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, Правниот факултет од Скопје, во партнерство со проектот на децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија и Правниот факултет од Каен организираат еднодневен семинар со цел да се направи заеднички осврт на трудовото право во Македонија и во Франција. Помеѓу учесниците ќе има и десетина студенти на мастер студии по основни права од Франција кои се интересираат за темата.
Согласно стремежите на Коалицијата на младински организации - СЕГА за застапување и лобирање на полето на младинската политика во Македонија, и во рамките на проектот „Креирање на локална младинска стратегија за Град Скопје“ беше организирана обука за фасилитаторите на работните групи. Обуката беше одржана на 30 јануари 2013 година, во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје.
Како дел од активностите на тема дигиталните медиуми на Дирекцијата за дигитален развој на територијата на Регионалниот совет на Долна Нормандија, директорот на фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари замина на посета во Долна Нормандија на 17 и 18 јануари 2013 година.
Од 16 до 18 декември 2012 година делегација од Општина Карпош беше на официјална посета во Општина Флери-сур-Орн, Долна Нормандија. Целта на посетата беше да се зајакне партнерството воспоставено за време на првата средба меѓу двете општини во јули 2012 година во Македонија и да се дефинираат темите на идна соработка.
Коалицијата на младински организации СЕГА е одржлива и развиена непрофитна младинска организација која делува на локално, национално и меѓународно ниво, долгорочен и сериозен партнер во имплементација на младински програми заедно со младите, НВО-и, државните институции и бизнис-секторот. СЕГА континуирано работи на застапување и лобирање на полето на младинската политика во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба.
Во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Град Скопје и Регионот Долна Нормандија и Европска куќа од Долна Нормандија го започнува проектот „Креирање на локална младинска стратегија за Град Скопје“. За таа цел на 28 ноември 2012 година, во салата на Град Скопје ќе се одржи конференција на тема: „Политика за млади за Град Скопје“. Град Скопје е веќе член на АЛДА, а преку оваа активност ќе се вклучи во Оската „Млади“.