Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Конференција за младински политики во Град Скопје

Printer-friendly versionSend to friend
Во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Град Скопје и Регионот Долна Нормандија и Европска куќа од Долна Нормандија го започнува проектот „Креирање на локална младинска стратегија за Град Скопје“. За таа цел на 28 ноември 2012 година, во салата на Град Скопје ќе се одржи конференција на тема: „Политика за млади за Град Скопје“. Град Скопје е веќе член на АЛДА, а преку оваа активност ќе се вклучи во Оската „Млади“.
 
Конференцијата ќе биде отворена од страна Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје, Лазар Поповски, директор на Агенцијата за млади и спорт, Зоран Илиески, извршен директор на СЕГА, Одре Полмиер, проект менаџерка задолжена за децентрализираната соработка, Жан Пол Гошар, градоначалник на Иф.
 
На конференцијата ќе бидат презентирани истражувања за младинските трендови во Република Македонија и состојбата на младите и младинските политики во Долна Нормандија и Франција.
 
За време на конференцијата ќе бидат одржани панел дискусии на различни теми согласно приоритетите од Националната стратегија за млади, како: образование и младинско самовработување, поддршка пред вработување; квалитет на живеење и здравство и превенција; партиципација на младите и младинско информирање; култура и локална младинска работа.
 
Конференцијата е организирана со цел да се зголеми активното учество на младите во социјалниот, економскиот, политичкиот и културниот живот на локалната заедница преку создавање на локална младинска стратегија на Град Скопје.
Агендата за конференцијата можете да ја преземете овде.
Macedonian
27.11.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“