Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Карпош и Флери-сур-Орн го официјализираат партнерството

Printer-friendly versionSend to friend
Од 16 до 18 декември 2012 година делегација од Општина Карпош беше на официјална посета во Општина Флери-сур-Орн, Долна Нормандија. Целта на посетата беше да се зајакне партнерството воспоставено за време на првата средба меѓу двете општини во јули 2012 година во Македонија и да се дефинираат темите на идна соработка.  
 
За време на престојот, македонската делегација ја запозна Општината Флери-сур-Орн и начинот на којшто таа функционира, а потоа ги посети културните и историските споменици, инфраструктурата и други значајни локации. Македонската делегацијата ја претстави Општина Карпош пред Советот на Флери-сур-Орн, а подоцна оствари средба со Сабин Гише-Лебаји, одговорна за меѓународна соработка и мобилност во Регионалниот совет на Долна Нормандија.
 
По повеќе работни сесии, двете општини покажаа силна волја за соработка на темите: култура, локален економски развој (занаетчии, бизнис сектор и нивна размена), млади, социјална заштита и енергетска ефикасност. Плодната работа резултираше со потпишување на меморандум за соработка меѓу Општина Карпош и Општина Флери-сур-Орн на 18 декември 2012 година.
 
Посетата и потпишувањето на меморандумот за соработка го зајакнаа и формализираа пријателството меѓу двете општини кои наскоро ќе започнат да ја спроведуваат првата заедничка активност во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија.
Macedonian
26.12.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“