Коалиција на младински организации СЕГА започна да го имплементира проектот: „Креирање на локална младинска стратегија за Град Скопје“. Проектот е финансиран од Град Скопје и Регионот Долна Нормандија, Франција.
Целта на проектот “Креирање на локална младинска стратегија на Град Скопје“ е да се зголеми активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница преку изготвување на локална младинска стратегија.