СЕГА објавува јавен повик за анкетари на Град Скопје
Коалиција на младински организации СЕГА започна да го имплементира проектот: „Креирање на локална младинска стратегија за Град Скопје“. Проектот е финансиран од Град Скопје и Регионот Долна Нормандија, Франција.
Целта на проектот “Креирање на локална младинска стратегија на Град Скопје“ е да се зголеми активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница преку изготвување на локална младинска стратегија.
Со цел да се обезбедат информации потребни за дефинирање на приоритетите и потребите на младите во секоја општина на Град Скопје ќе биде спроведено истражување, на репрезентативен примерок. Процесот на истражување вклучува анкета со која ќе бидат опфатени млади луѓе на возраст од 15 до 30 години. Целни групи од истражувањето ќе бидат 600 анкетирани млади селектирани врз база на одредени критериуми.
За учество во оваа активност СЕГА има потреба од 22 анкетари на возраст од 15 - 30 години од следните општини:
Кисела Вода: 2 анкетари
Аеродром: 3 анкетари
Бутел: 2 анкетари
Центар: 2 анкетари
Шуто Оризари: 1 анкетар
Карпош 2: анкетари
Чаир 3: анкетари
Сарај 2: анкетари
Ѓорче Петров: 2 анкетари
Гази Баба: 3 анкетари
Процесот на анкетирање треба да биде спроведен во периодот од 12 – 15 март 2013 година. За спроведеното анкетирање предвиден е соодветен надомест во висина од 90,00 MKD по анкета.
Сите заинтересирани за учество во оваа активност (спроведување на анкетата) можат да се пријават со пополнување на Апликација (во прилог на овој повик) која треба да ја испратат на следната адреса aplikacija@sega.org.mk или на факс: 048 429 390.
Краен рок за испраќање на апликациите е 06 март 2013 година.
Селектираните кандидати ќе бидат известени до 08 март 2013 година.
Заинтересираните апликанти за дополнителни информации можат да контактираат со:
Маја ИВАНОСКА КРСТЕВСКА
Раководител на програма
Коалиција на младински организации СЕГА
Е-маил: maja@sega.org.mk
Тел: +389 78 470 401
+389 48 429 390
Macedonian
01.03.2013