Силна и франкофонска заложба за промоција на правата на жените
Раководителката на канцеларијата на децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија, Ивана Димитровска, учествуваше на првиот Светски форум на франкофонски жени.
Првиот Светски форум на франкофонски жени чијашто цел беше да се зборува за правата на жените се одржа на 20 март 2013 година во Париз. Од 120 милиони франкофонски жени од целиот свет, кои ќе ја достигнат бројката од 350 милиони во 2050 година, на Форумот учествуваа 400 поборнички од целиот свет кои доаѓаат од граѓанскиот сектор. Тие заедно дискутираа за кршењето на правата на жените без разлика дали станува збор за време на вооружени конфликти, политички кризи, во земјите во развој или во развиените земји. Тие исто така сведочеа за разни настани и оформија предлог Франција да поднесе акционен план за франкофонските жени до органите на Меѓународната организација на Франкофонијата. Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, исто така имаше свое излагање со што го затвори Форумот на франкофонски жени.
Човекови права претставува трансверзална оска на децентрализираната соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија. Меѓународниот институт за човекови права и мир работи од пред две години токму на оваа тема со повеќе партнери од Македонија како фондацијата Метаморфозис, Адвокатската комора на Македонија и од неодамна со Правниот факултет во Скопје со цел да се спроведуваат активности за широка промоција на човековите права.
Macedonian
27.03.2013