ФФРМ и АФДИ ја планираат идната тригодишна соработка
Во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, претставници од француската организација на Француски земјоделци и меѓународен развој АФДИ од Долна Нормандија беа на посета во Македонија со цел да остварат средба со претставници на Федерацијата на фармери на Република Македонија - ФФРМ. Целта на средбата беше да се прецизираат активностите предвидени за оваа трета година од проектот како и да се превидат активностите за идната тригодишна соработка за периодот 2013-2016 година.
Во досегашната соработка, ФФРМ и АФДИ спроведуваа активности за подобрување на квалитетот на млекото и кооперативно здружување, а беа организирани и две меѓународни конференции за кооперативи.
Macedonian
22.02.2013