Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

АЛДА ќе одржи две обуки на крајот на 2013 година

Printer-friendly versionSend to friend
Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) организира обуки два пати годишно. Обуките се составени од интензивни петдневни сесии, а на нив можат да аплицираат граѓаните на сите 27 земји членки на Европската унија, Исланд, Норвешка, Швајцарија, Турција, Хрватска и Македонија. Обуката е отворена за професионалци и волонтери кои работат на менаџирање на организации/институции, обучувачи, советници за развој на кариера, управители на училишта/организации кои нудат образование за возрасни, административен персонал од училиштата, членови на студентски/наставнички совет за образование на возрасни, инспектори, наставници итн.
 
Темата на првата обука е: „Граѓанското учество и можностите за финансирање за поддршка на партиципативни иницијативи“. Оваа обука ќе се одржи во главниот град на Европа, Стразбур.
 
Темата на втората обука е: „Образование на младите полнолетни лица за учество и инклузија“ што ќе се одржи во Брисел, во срцето на Европа.
 
Двете иницијативи се поддржани од програмата Грундвик на Европската унија. На учесниците им се препорачува да аплицираат за Грундвиг грант кој би им овозможил да ги покријат патните трошоци, трошоците за сместување и за обуката.
Крајниот рок за аплицирање за двете обуки е 30 април 2013 година.
 
За повеќе информации, Ве молиме посетете ја интернет страницата на АЛДА или контактирајте го Алфонсо Алиберти, проект менаџер на АЛДА, наведувајќи ја обуката за која сте заинтересирани на alfonso.aliberti@aldaintranet.org
 
Macedonian
14.03.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“